02 Мај, 2024
0.0253

НЛБ ќе исплати рекордна банкарска дивиденда на сите времиња! Колку „калории“ им следуваат на акционерите?

Објавено во: Финансии 02 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Нето дивидендата по акција изнесува 2.188 денари и на последната пазарна цена тоа е принос од 7,6 отсто, неспоредливо поконкурентен од другите акции на нашиот пазар на капитал. Токму приносот што го носи таа акција и кој ќе биде исплатен за помалку од 60 дена од сега е „атомско гориво“ во кое, во периодот што следи, само небото ќе биде лимит за пазарната цена на акцијата на НЛБ БанкаОд добивките за лани и за 2021 година НЛБ Банка на акционерите ќе им подели бруто износ од 33,76 милиони евра. Од тоа државата преку УЈП за наплата на персоналец ќе земе 10 отсто. Од нето дивидендата 26 милиони евра патуваат за Словенија, а другите речиси 4 милиони евра ќе ги поделат домашни акционери

НЛБ Банка ќе подели 33,7 милиони евра дивиденда на своите акционери за успешното работење во 2022 година. Ова е предлог одлука за која ќе гласаат акционерите на претстојното акционерско собрание закажано на крајот на овој месец.

Ова значи дека секоја акција со право на глас на својот сопственик му носи нето дивиденда (по платен персоналец) од 2.188 денари (35,7 евра). Со овој потег НЛБ станува банка која исплатила највисока дивиденда во македонската триесетгодишна корпоративна историја.

Во споредба со претходната година сега дивидедната е за три пати повисока, а во споредба со исплатата од добивката за 2022 година сегашната дивиденда е поголема за 36 отсто.

За да се долови суштината за големината на дивидендата ќе направиме споредба на приносот по акција со Комерцијална банка која е најголем ривал и е најголема македонска банка според активата.

Комерцијална банка одлучи да подели 450 денари дивиденда за секоја акција со право на глас. Во однос на тогашната пазарна цена која беше на границата од 12.000 денари оваа акција носи помалку од 4 отсто принос од вложувањето на акционерот што ја поседува.

Наспроти него акционерот што во петок (28 април) ја купил акцијата на НЛБ Банка на просечната пазарна цена од 28.655 денари има принос од 7,6 отсто кој ќе му биде исплатен по само 60 дена од денот на вложувањето. Затоа што во предлог одлуката на НЛБ Банка пишува дека дивидендата ќе почне да се исплатува 30 дена од денот на одржување на акционерското собрание (31 мај 2023 година).

Рекордната дивиденда се очекува да биде катализатор на берзанската цена на оваа акција. Од денеска се очекува поголем интерес на страната на побарувачката за таа акција токму заради тоа што приносот од дивиденда е многу висок и изнесува 7,6 отсто за период нешто пократок од 60 денари.

Р:Ф.

Можеби ќе ве интересира

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?