01 Мај, 2024
0.0288

Нов автобус е скоро непознат поим во Македонија, кој ги купува од прва рака?

Објавено во: Економија 27 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Купување нов автобус во Македонија е мислена именка, а според статистиката на Царинска управа, до крајот на јули се доведени само три некористени увезени возила.

Последните масовни тури се регистрирани во годините 2011 и 2022 кога Министерството за транспорт и врски купуваше автобуси произведени во Кина и Украина, меѓу кои двокатни и панорамски. Тие две години по ред во Македонија низ евиденцијата на царина поминаа 204 и 242 автобуси, главно доведени за потребите на Јавното сообраќајно претпријатие.

Од тогаш, односно од 2013 па наваму најмногу годишно се купуваат до 11 нови, односно има години и само со по пет неупотребени. 

Масар Омерагиќ, сопственикот на Руле Турс, вели дека државата не може да интервенира повеќе на ова подрачје, затоа што нови автобуси не се царинат при влез. Тоа значи дека државата може само да помогне со евентуални субвенции, а не со отстапки.

- Воопшто нема никакво царинење, тоа изнесува нула отсто, или евентуално до еден отсто. Тука државата не може ништо и тоа е повеќе од доволно. До пред некоу години многу се либерализираше овој сектор и беа тргнати строгите дозволи. Од тогаш до сега можам да кажам дека возниот пар, барем кога станува збор за меѓуградските превозници, е многу подобрен и солиден, за разлика од пред десет години кога беше катастрофа. Би рекол дека државата повеќе интервенира кај половните, бидејќи таму сега се бараат да се задоволат минимум Еуро 4 стандарди. Има транспортни компании кои работат за туристички агенции или за превоз на работници од град в град, но ганц-нови купуваат оние што се наменети за строг меѓународен сообраќај, на пример за патување во земји како Германија или Шведска. Само тие купуваат директно од фабрика, додека за приватните градски превозници не треба воопшто да зборуваме - вели Омерагиќ.

Тој вели дека самиот пазар и економските услови се такви што ретко дозволуваат купување од прва рака, 

- На ново е секако најдобро, но никој не може да плати автобус кој чини од 270.000 до 300.000 евра, во зависност од марката. Во моментов во Македонија оние што се купуваат се половни со просечна старост од три до пет години и може да се набават за 100.000 евра. Ново скапо возило во Македонија нема да се исплати со приходите ни по 15 години, затоа што цените се многу евтини и маржите мали, а од друга страна долго време стојат неактивни и не вртат постојано - додава човеот кој менаира со Меѓуградската автобуска станица во Скопје.

Од друга страна, многу повеќе се купуваат употребувани автобуси и од 2014 до 2018 нивната бројка се движи околу 170 годишно.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, најави 50 нови автобуси на природен гас. Нивното пристигнување се очекува од 2019-та, кога во јули треба да се активира договорот за кредитирање со Европската банка за обнова и развој.

Град Скопје на почетокот на годинава најави субвенции за приватните градски превозници да инсталираат уреди на гас и да набават нови автобуси кои ги задоволуваат Еуро 5 и Еуро 6 стандардите.

Овие мерки се предвидени со програмата за заштита на животната средина на Град Скопје за 2018 година. Во буџетот предвидени за приватните превозници се 325.000 евра за субвенции но допрва треба да се види дали тоа ќе има ефект.

Александар Кузмановски


Можеби ќе ве интересира

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

Вработените на ФЗО излегоа на протест

Вработените на ФЗО излегоа на протест

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?