НОВ БОМБАШКИ НАПАД: Над 30 луѓе се убиени во Кандахар
Објавено во: Свет 15 Октомври, 2021
Крвав напад имаше денеска во Авганистан. Најмалку 30 луѓе загинаа во бомбашкиот напад во џамија во Кандахар.
Експлозија на бомба погоди шиитска џамија во јужната авганистанска провинција Кандахар за време на петочната молитва. Муртаза Зарифи, службеник за безбедност во џамијата, тврди дека нападот го извршиле двајца бомбаши самоубијци. Повредени се повеќе од 200 луѓе. Талибанските сили ги блокираа сите патишта што водат до џамијата каде што се случи нападот. Експлозијата се случува по неколку дена по самоубиствениот бомбашки напад врз шиитска џамија во северниот град Кундуз, во кој загинаа 46 луѓе. Одговорноста за тој напад ја презеде ИСИС. Инаку, претходно и во џамија во Кабул имаше напад.