17 Јануари, 2025
0.0269

Нов менаџерски тим, стокмен од кабинетот на Груевски, ќе го спасува прилепскиот Тутунски комбинат!

Објавено во: Економија 07 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Елена Зарковска, Христина Келемен, Вера Димитриева и Здравко Здравески се новите предлог членови за Одбор на директори на Тутунски комбинат од Прилеп. Според биографиите на предложените членови, доставени до Македонската берза, може да се види дека освен Здравески, кој има директорско искуство во една од домашните банки, карактеристично за останатите членови е што се на возраст од околу 30 години, со работно искуство на позиции во државните институции. Последното работно место на речиси сите членови е кабинетот на премиерот Никола Груевски. Се очекува предлог членовите да бидат изгласани на акционерско собрание. Доколку бидат избрани, главен предизвик ќе им биде да го спасат комбинатот од загуби. Во Тутунскиот комбинат работат над 1.300 работници, а од комбинатот зависат околу 4.500 семејства, кои имаат договор да испорачуваат годишно околу 3.500 тони тутун вреден 7 милиони евра. Милион евра загуба за само три месеци Во првиот квартал од годинава, Тутунски комбинат од Прилеп прокнижи загуба од 1,1 милион евра. Оваа загуба е за 300.000 евра помала во спореба со онаа од истиот квартал лани. На страната на приходите од продажба, загубарот покажува подобри резултати во однос на првиот квартал во 2012 година. Вкупно 5,5 милиони евра Тутунскиот комбинат од Прилеп инкасираше за првите три месеци годинава , што е за 2,3 милиони евра повеќе (72%) во однос на истиот период лани. Анализата на приходите покажува и дека од продажба на домашниот пазар во првите три месеци од годинава комбинатот оствари 4,2 милиони евра, додека од продажба на странските пазари 1,2 милиони евра. Минатата година пак, во периодот јануари-март, комбинатот од продажбата на цигарите во земјава оствари 3,1 милион евра, додека од продажбата во странство 51.544 евра, покажува финансискиот извештај на компанијата. Трошоците за вработените се речиси идентични  во првиот квартал годинава и во 2012 година – околу 1,2 милиони евра. На страната на расходите пак, промената на залихите на готовите производи и производството во тек во првиот квартал годинава достигна 4 милиони евра, наспроти 3,1 милион евра во истиот перид лани.

Можеби ќе ве интересира

НОВИНИ И НОВИНИ...Николоски најавува нови авио линии, рекративно вештачко езеро, а за Градско - Дреново рече дека состојбата била очајна

НОВИНИ И НОВИНИ...Николоски најавува нови авио линии, рекративно вештачко езеро, а за Градско - Дреново рече дека состојбата била очајна

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи