НОВ ПОПИС НА НАЈМОЌНИ ПАСОШИ: Кој триумфираше овој пат?
Објавено во: Свет 11 Септември, 2018
Passport Index објави нова листа на најмоќни пасоши деновиве, при што Сингапур е на прво место и нивните граѓани слободно можат да патуваат во 127 земји.
Германците паднаа на второ место и со нивниот пасош може да се патува слободно во 126 држави.
Црна Гора е на 85 место и тие можат да патуваат во 76 земји, а истото важи и за Македонците.
Пасошот на БиХ е на 90 место, и тие можат слободно да патуваат во 73 земји.
Србите можат да патуваат во 82 земји, а Хрватите во 115 земји.