14 Декември, 2025
0.0464

Нов повик за набавка на јаглен за спас од енергетската криза, овој пат само за РЕК Битола

Објавено во: Економија 25 Октомври, 2021 07:00

Добивај вести на Viber

АД Електрани на Северна Македонија распиша нов тендер за набавка на јаглен за надминување на енергетската криза што од Европа се прошири и во Македонија. Понудите ќе се отвораат на 2 ноември.

Овој пат, вториот тендер што го распиша националниот произведувач е за 900 илјади тони и важи само за потребите на РЕК Битола, односно не се споменува ТЕЦ Осломеј, чие рестартирање беше планирано во претходниот повик, кога се бараа 1,2 милиони тони. Рокот на првиот повик прво беше одложен, а потоа поништен со изговор дека нема понуда за доволна количина.

Три македонски, како и рудници од Албанија, Косово, Русија, Турција и Босна и Херцеговина се јавија на повикот на АД ЕСМ за набавка на јаглен за Рудартско-енергетскиот комбинат  (РЕК) Битола и за Осломеј минатата недела. Тоа вкупно се девет економски оператори кои дадоа пет понуди за Битола и осум за Осломеј. Но понудите за РЕК не ги исполнуваат целосно количините кои се бараа, односно не се нуди доволна количина јаглен.

Директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, претходно рече дека набавката на јаглен, која се спроведува по препорака на Владата, а во соработка со стопанската комора, заради високите цени на берзите во регионот и во Европа, е исклучиво за потребите на отворениот пазар, односно стопанството и институциите, со цел тие  да се снабдат со електрична енергија по цени пониски од моменталните цени на берзите.

„Во текот на наредните денови ќе склучиме договор за набавка на јаглен за РЕК Осломеј за негова континуирана работа од декември до април 2022 година.За РЕК Битола повторно е распишан повик со цел да се добие поголема количина на јаглен, со поволна цена која ќе има економска оправданост.Истовремено, се прават координации со ТЕЦ Неготино за стартување на оваа термоелектрана, и доколку се обезбеди мазут истата ќе се стави во функција“, изјави првиот човек на националниот произведувач пред викендот.

Во меѓувреме Македонија дневно губи високи суми евра во тековниот период поради дебалансите на пазарот на електрична енергија и поради тоа што земјава нема доволно сопствено производство на струја. Операторот на електропреносниот систем за оваа сума ги надополнува дневните потреби во ситуација кога електричната енергија за тргување достигна повеќе од 250 евра за мегават/час. Во моментот цената по која продава АД ЕСМ и која важи до крајот на годината, согласно договорот со универзалниот снабдувач е околу 36 евра по мегават/час.

Во оваа ситуација ја немаме ниту потребната акумулација кај хидро електраните за да надоместат во вакви ситуации. Во изминатиот период либерализираниот пазар практично не постои во Македонија, сите потрошувачи наместо од приватните трговци струјата ја купуваат од ЕВН кој е краен снабдувач. 

Во моментов само едниот блок на РЕК Битола на АД ЕСМ произведува струја, а другите два не работат. Дури ТЕ-ТО, когенеративната централа која од природен гас произведува електрична енергија, деновиве е поефикасна со двојно повеќе произведени мегавати. Од хидроцентралите, чиј потенцијал е искористен во просек само 10 отсто, на 15 октомври биле произведени само 2.229 мегавати.

Останува да се види и колку ќе чини производството на „ладната резерва“ ТЕЦ Неготино, чие рестартирање е извесно, но и цената на мазутот во овој период е висока на пазарот.

А.К.



Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји