Нов скандал во САД - може ли Клинтон да стане претседател?
Објавено во: Свет 28 Ноември, 2016
Се бројат одново гласовите во Висконсин, Пенсилванија и Мичиген.
Кандидатот на Зелената партија, Џил Штајн во крајот на минатата недела изненадувачки побара ново пребројување на гласовите во Висконсин, Пенсилванија и Мичиген. Ова се клучни држави, кои даваат вкупно 46 изборни места во кои Доналд Трамп победи со мала предност пред Хилари Клинтон.
Новото пребројување на гласовите треба да заврши до 13 декември. Според објавените резултати од изборите одржани на 8 ноември, Трамп победува со околу 20.000 гласови предност пред Клинтон во Висконсин, 70.000 во Пенсилванија и 10.000 во Мичиген.
Можно е Клинтон да поведе со гласови на овој начин.
Барањето на Штајн го предизвика гневот на милијардерот Трамп.