Добивај вести на Viber
Во терористичките напади во Брисел на 22 март загинаа најмалку 35 лица, соопшти белгискиот кризен штаб за новиот црн биланс на жртвите.
Кризниот штаб наведува дека 31 лице се пронајдени мртви на аеродромот Завентен и станицата на метрото, а четири повредени лица подоцна им подлегнале на повредите.
Меѓу 31 жртва кои настрадаа на лице место, идентификувани се 28 тела, меѓу кои 16 Белгијанци и 12 странци од САД, Холандија, Шведска, Германија, Франција, Кина, Италија и Велика Британија.
Три семејства ги чекаат резултатите на ДНК за своите блиски кои не се јавиле од нападите.
На местото на нападот се најдени три тела на бомбаши самоубијци, две тела на аеродромот и едно во метро станицата. Кризниот штаб не ги вклучил камиказите во тој биланс.
Во нападите се повредени 340 лица од Белгија и 19 други земји, додал кризниот штаб.