Нова луксузна Шкода од 32.000 евра за Инспекторатот за земјоделство
Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2018
Државниот Инспекторат за земјоделство новата година ја започна со нов луксузен автомобил вреден над 32.000 евра. Според договорот за јавна набавка кој В.Д. директорот Јане Станкоски го склучил со компанијата Јосифов од Битола, на 25 декември минатата година, купен е автомобил од типот седан за цена од 2.010.124 денари.
Во договорот не е прецизирано за каков тип на автомобил станува збор но затоа се повикува на завршена постапка за јавна набавка.
И преку неа не може да се открие типот на возилото но затоа може да се види дека фирмата Јосифов била единствен понудувач на тендерот.
Ако се провери компанијата Јосифов на интернет може да се види дека станува збор за овластен дилер на автомобилите од типот Шкода.
Според неофицијалните информации, станува збор за супер луксузна Шкода Супер Б, најскапата лимузина од гамата на овој производител.
извор: Прес24