Нова можност на рати без камата да се платат долговите кон Водовод
Објавено во: Македонија 02 Април, 2018 13:38
Граѓаните во наредниот период ќе може да склучат договори со ЈП Водовод и канализација Скопје за да ги платат своите заостанати долгови на поволен начин, на повеќе месечни рати и без никакви дополнителни камати.
„Сакаме да ги известиме граѓаните дека официјално започна акцијата која ја најавивме, односно во периодот од 02.04.2018 до 15.05.2018 година корисниците на услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, кои имаат заостанат долг за вода (по основ на тужени сметки и редовени сметки) ќе имаат можност да го платат на рати и без пресметана камата за задоцнето плаќање.
Физичките лица и правни лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување на договор до 24 месечни рати во зависност од висината на долгот.
Ги повикуваме граѓаните на Град Скопје кои имаат заостанат долг, да ја искористат оваа можност за подмирување на долгот на рати и без камати“ соопштија од ЈП Водовод и канализација Скопје.
Можеби ќе ве интересира
Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име




