Нова судска постапка може да го запре „Brexit“
Објавено во: Свет 28 Ноември, 2016
Британската влада е загрозена од нова судска постапка, која крие опасност и може да го запре процесот на Brexit.
За неа најавија адвокати, кои се на мислење дека заминувањето на Европската унија не значи задолжително излегувањето на Велика Британија од Европската економска област.
Според БиБиСи кругот за размислувањето на "Бритиш инфлуенс“(“Британското влијание“) треба оваа недела да напише писмо до министерот за Брегзит Дејвид Дејвис, за да побара парламентот да биде консултиран за припадноста на Британија кон Европската економска област (ЕЕО).
Дваесет и осумте земји членки на ЕУ, како и Норвешка, Исланд и Лихтенштајн, го обликуваат ЕЕО, создаден врз основа на слободно движење на стоки, услуги, капитал и луѓе.
Британската влада тврди дека заминувањето на земјата од ЕУ значи и излез од ЕЕО. „Британското влијание“ сепак е на мислење дека тоа не е така и дека Лондон прво треба да го поништи член 127 од Договорот за ЕЕО, а тоа пак ќе бара одобрување на пратениците во британскиот парламент.
„Има многу голема шанса Британија да се покаже како кршител на законот, ако ни се одзеде статусот кој го имаме во ЕЕО заедно со Brexit“, изјави Џонатан Лис, потпретседател на кругот за мислења за ББС.