Нова трагедија со бегалците во Егејското Море-потонаа два брода – има жртви!
Објавено во: Балкан 30 Октомври, 2015 09:35
21 лице починале откако два брода со мигранти и бегалци потонале во текот на ноќта, доаѓајќи од Турција и Грција. Тоа го соопштуваат грчките власти, цитирани од американските медиуми. Ова е последниот од најсмртоносните инциденти во источниот дел на Егејското Море.
Министерството за поморска трговија информира дека 18 лица загинале, а 138 биле спасени во близина на островот Калимнос. Други тројца пак загинале, а шестмина спасени во друг инцидент, што се случил во раните утрински часови на денешниот ден крај островот Родос.
Смртоносните инциденти се случуваат поради приливот кон грчките острови од бегалците и мигранти од Сирија, Авганистан и други држави во пресрет на зимата. Во исто време европските влади се обидуваат да го ограничат бројот на новодојдените мигранти во Европа.
Осум лица загинаа рано изутрина вчера, откако брод се урна крај островот Лезбос.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




