19 Јануари, 2025
0.0276

Нова владина кампања – ќе појаснува што нудат европските програми за образование

Објавено во: Мои пари 30 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

За промовирање на европските програми наменети за образование, обуките и млади и можностите за нивно искористување започнува кампања поддржана од Министерството за образование и наука и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Кампањата предвидува низа настани и активности во насока со кои граќаните ќе се запознаваат колку успешни е реализацирана програмата „Доживотно учење“, но и програмите „Млади во акција“ и „Ерзамус+ 2014-2020“. „Согласно акцискиот план за реализација на капањата предвидени се четири инфо денови за програмата „Доживотно учење“ и два инфо денови за „Млади во акција“ за кои може да се аплицира до крајот на годината, со што очекуваме искористување на средствата од досегашните 85 отсто да се зголеми на 90 проценти“, рече министерот за образование Спиро Ристовски кој апелираше да се обрне внимание на новата програма „Еразмус+“ , но и придобивките од вклучување на Македонија во европските иницијативи, мрежите Еуропас и Евридика. Првиот инфо ден ќе се одржи во Скопје на 7 ноември во спортската сала „Борис Трајковски“ за програмата „Млади во акција“, по што кампањата се сели во Кочани. За програмата „Доживотно учење“ кампања ќе има покрај во  Скопје, и во Охрид, Тетово и Кавадарци. За новата програма „Еразмус+“ пак дополнително ќе се утрврдува кога надлежните преку работилниците ќе даваат информации. Според Спировски, ќе има построги контроли и казни, за да не се повтори случајот кога Националната агенција за европски образовни програми беше поврзувана со нерегуларности при распределбата на парите од фондовите. Искористеноста на програмите Доживотно учење и Млади во акција изнесува околу 85%.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ