18 Мај, 2024
0.0269

Нови бизнис партнерства за ССК на Интернационалниот Саем во Измир

Објавено во: Економија 30 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), заедно со Агенцијата за странски инвестиции на Република Македонија од 29 август до 7 септември годинава, учествуваат на 83 -от Интернационален Саем 40 компании членови на ССК, од повеќе сектори како индустрија, градежништво, агро-бизнис, транспорт, туризам, консалтинг, шпедиција, текстилно производство, се претставуваат на саемската манифестација.

Саемот во Измир е еден од најстарите саеми во Турција кој традиционално се одржува веќе 83 години и претставува водечки интернационален настан во оваа земја, кој покрива повеќе сектори.

Делегацијата на ССК, предводена од претседателот на ССК, г-ѓа Данела Арсовска на овој интернационален настан ќе оствари бизнис средби и потенцијални бизнис партнерства, како и запознавање со претседатели и извршни директори на најголемите компании од Турција и светот.

„Остваривме средби кои ќе резултираат со извоз на македонските компании на турскиот пазар, но исто така отпочнати се преговори за заеднички  вложувања и инвестиции од турски компании во Македонија и тоа во агро секторот, прехрамбената индустрија како и текстилната индустрија. Во следните денови предвидени се средби и потпишување на Меморандуми за соработка со водечките бизнис организации во Турција“, изјави Арсовска.

Последните неколку години главни сектори кои се промовирани на овој саем се прехранбената индустрија, технологија, автомобилски компоненти, мебел, апарати за домаќинство, бела техника, градежна механизација, земјоделска механизација, електроника, ИКТ итн. На саемот ќе се претстават над 1000 изложувачи од целиот свет.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра