02 Мај, 2024
0.0302

Нови измени: Како и колку невладините, партиите и синдикатите ќе плаќаат данок на добивка

Објавено во: Економија 30 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Министерството за финнсии предлага измени на законот за данок на добивка во кои се доуредуваат некои одредби од постоечкиот закон. Според измените точно се определува како и колкав данок ќе плаќаат невладините организации, синдикатите, политичките партии, Црвениот крст. Практично законот сега ќе уредува дека и непрофитните организации стануваат даночни обврзници ако имаат приходи од стопанска дејност. Ова се прави, велат од Министерството, за да не се создава нелојална конкуренција меѓу фирмите и непрофитните организации. Компаниите плаќаат, невладините не.

Во измените што сега се предлагаат стои дека здруженијата, партиите, верските заедници, религиозните групи, Црвениот крст, синдикатите, коморите, не се обврзници на данокот за заработките од членарини, доброволни прилози, донации, подароци. Сепак, добивката која е остварена од стопанска дејност е регулирано да се даночи. Стопанска дејност е на пример приходот од издавање на простории под закуп, ако вршат комерцијални обуки и слично.

„Непрофитните организации коишто остваруваат приходи од вршење стопанска дејност во рамките на нивното непрофитно делување, заради избегнување на нелојална конкуренција со субјектите на кои добивката остварена од вршење стопанска дејност им се оданочува, стануваат обврзници за пресметување и плаќање на данокот на добивка,  доколку вкупниот годишенприход од стопанската дејност е поголем од 2.500 евра во денарска противвредност, стои во предлог измените.

Но законодавецот предлага и други измени.

Се уредува дека непризнаени расходи за даночни цели ќе имаат трошоците за исхрана на вработените кои работат ноќно време, трошоците по основ на уплатени премии за животно осигурување и уплатените придонеси во доброволен пензиски фонд над износот од две просечни месечни бруто плати, исплатени во претходната година во Република Македонија, на годишно ниво по вработен; трошоците за донации во спортот и трошоците за нето износот на примањата на вработените по основ на  деловна успешност кои што заедно со пресметаната плата го надминуваат износот на највисоката месечна основица за пресметување и уплата на придонесите согласно закон,

На компаниите им се допрецизира утврдувањето на даночната основа за пресметување на данокот на добивка, со вклучување и на помалку искажаните приходи, со оглед на тоа дека во услови на позитивна разлика помеѓу цената на трансакцијата утврдена во согласност со принципот на "дофат на рака (arm’s length principle)" и трансферната цена, компанијата искажува помалку приходи.

Во законот се регулира и правото на обврзникот кој донирал финансиски средства на спортски субјекти (национални спортски федерации, спортски клубови,  активни спортисти), да му се намали пресметаниот данок на добивка за износот на дадената донација, но најмногу до 50 проценти од пресметаниот данок врз основа на ваучер издаден од Агенцијата за млади и спорт.

„Се предлага за целите на искористување на ова право,обврзникот да достави до Управата за јавни приходи барање за даночно ослободување за дадената донација. По добивањето на потврда од Управата за јавни приходи по поднесеното барање, обврзникот ќе треба до Управата да достави  известување за извршена донација, по што ќе може да го користи правото на даночно  ослободување. Исто така се предлага обврзникот да го користи споменатото даночно ослободување доколку донира најмногу во еден спортски субјект од секој вид на спорт. Во однос на користењето на даночното ослободување, се предлага обврзникот да има право на намалување на месечните аконтации во висина од дадената донација, но најмногу до 50 отсто од износот на месечните аконтации на данокот на добивка, стои во измените.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите