18 Мај, 2024
0.6726

Нови крајни рокови за „двојазичноста“

Објавено во: Македонија 11 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Албанските партии кои партиципираат во Владата постојано ги поместуваа роковите за носење на новиот закон за употреба на јазиците, а дел од нив дури и се закануваа дека ќе излезат од владината коалиција доколку не се постигне предвидената динамика. Сепак, собраниската процедури претрпе повеќе прекини и за ултиматуми веќе никој не говори така силно, но според пратеникот на ДУИ Артан Груби од јануари следната година законот ќе биде усвоен и ќе започне да се применува „двојазичноста“.

Во Собранието на Република Македонија денеска седница треба да одржи Комисијата за европски прашања, на која на дневен ред е Предлог-законот за употреба на јазиците во второ читање. 

На разгледување треба да бидат околу стотина амандмани кои беа предложени како од опозициските ВМРО-ДПМНЕ кои и најмногу се противат на овој закон обвинувајќи дека ќе се воведе двојазичност на целата територија на државата што е спротивно на Уставот и од БЕСА кои пак, се незадоволни што со предлог законот не се врши доволно за прогласување на албанскиот за службен јазик во целосна рамноправност со македонскиот, како и од СДСМ.

Комисијата ќе ги разгледува поднесените амандмани по предложениот текст. Потоа законот во второ читање ќе оди повторно на пленарна седница на дебата по што ќе следува финално изјаснување на пратениците по текстот.

Потребата од носење закон за употреба на јазиците беше изгласана од пратениците на 15 ноември годинава. „За“ гласаа 66 пратеници, а 41 беа против.

Дел до законот кој е и најспорен и се однесува на двојазични униформи, двојазични пари и други елементи е на оценка кај Венецијанската комисија при Советот на Европа и откако ќе биде доставено мислењето амандмански и овие одредби може да се вратат во предлог законското решение, покрај одредбите за употреба на албанскиот јазик како службен доколку тоа биде побарано во сите институции на државната власт..

Можеби ќе ве интересира

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза