02 Мај, 2024
0.0275

Нови поповолни услови за кредитирање во Силк роуд банка

Објавено во: Економија 15 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Кредити за вработени на определено време, зголемена максимална старост за клиент кој зема кредит, а станбените кредити без трошоци за исплата и за проценка. Ова се само дел од новините со кои Силк Роуд Банка го стартуваше второто полугодие годинава. Од јули впрочем, а согласно кредитната политика на банката се релаксираат дел од условите за одобрување на кредит со што повеќе од кредитните производи на банката ќе бидат подостапни за сите граѓани.

Во услови на зголемени потреби за пари, во време на летни одмори и планови, а кога каматите се во надолен тренд на граѓаните им станува се полесно да вложуваат дома, да прошетаат, да испланираат новина. Силк Роуд Банката од јули ги олабави дел од кредитните услови, па сега нивните производи стануваат подостапни за барателите на кредити. На пазарот понуди кредити за лица кои се вработени и на определено време.  Ако кредитобарателот има определен временски рок на договорот од 6 месеци, а работи во буџетска институција, јавно претпријатие, АД или во една од 200 најпрофитабилни компании тогаш висината на кредитот може да биде и до 10.000 евра. Доколку  лицето е вработено во приватна компанија кај истиот работодавач најмалку една година со едно продолжување на договорот. Таква опција досега банките речиси и да не нудеа, а кредитот кој може да се земе е до 5.000 евра. Има поволност и за пензионерите, па од први јули е зголемена максималната старост која клиентот треба да ја има кога ќе ја враќа последната рата од кредитот. Според новите правила, наместо 70 години, сега кредитобарателот на тој датум може да биде и 72 години, со што се гзолемува можноста и постари лица да добијат кредит.

„На пример ако во моментот на аплицирање клиентот има 68 години ќе може да аплицира за кредит со рок на отплата до 4 години или 48 месеци. Претходно во овој случај ќе можеше до најмногу две години рок на отплата”, објаснуваат од банката.

Инаку, од први јули Силк Роуд дозволува клиентот на кој ќе му биде одобрен кредит да има поголема вкупна задолженост на месечно ниво од највисокиот лимит кој досега беше дозволен. Или ако, вкупните месечни задолжувања по основ на кредити, кредитни картички или дозволен минус досега беше 50 отсто сега за врабтени во буџетски институции, јавна администрација и вработени во 200 најпрофитабилни компании процентот на вкупните месечни задолжувања е до 60 отсто а за останатите клиенти е до 55 проценти.

Силк Роуд Банка го продолжи и промотивниот период за аплицирање за кредитни производи до крај на годината, односно станбените и хипотекарните кредити се одобруваат без манипулативни трошоци за исплата и без трошоци за проценка.


Можеби ќе ве интересира

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите