19 Декември, 2025
0.0560

Нови правила за лицата кои работат како обезбедувачи на имоти и лица

Објавено во: Мои пари 30 Октомври, 2013 21:13

Добивај вести на Viber

Отсега лицата кои сакаат да добијат дозвола за работа како обезбедување, стручните теоретски испити ќе ги полагаат по електронски пат. Електронски тест за проверка на знаењата е предвиден со законските измени кои се во собраниска процедура. Законот за приватно обезбедување влезе во сила на 3 јануари оваа година, додека неговата примена отпочна на 3 јули. Новиот Закон предвидува МВР да биде надлежно за надзорот над работа на агенциите за приватно обезбедување. Според министерката Гордана Јанкулоска, во првите девет месеци од годинава се спроведени 785 надзори при што се извршени контроли во 101 агенција за обезбедување лица и имот, како и на 137 правни лица за вршење приватно обезбедување за сопствени потреби. „Притоа, во 37 фирма што имаат сопствено обезбедување и во седум агенции, констатирани се 88 прекршоци од кои 46 прекршоци се однесуваат на необезбедување униформа со соодветни ознаки, 37 прекршоци за неподнесување барање до Комората за издавање на службена легитимација во законски предвидениот рок и пет прекршоци за вршење дејност без дозвола за работа. Исто така, во рамки на спроведените надзори кај 24 физички лица се констатирани 24 прекршоци од кои 21 прекршок вршење обезбедување без лиценца за работа и по еден прекршок за недавање на увид легитимација на службено лице, за незаконска употреба на физичка сила, и за вршење обезбедување без работна униформа“,информира Јанкулоска. Според МВР досега се одземени 58 дозволи за вршење дејност обезбедување на лица и имот. За претседателот на Комората на Република Македонија за приватно обезбедување, Верица Милеска Стефановска со измените на Законот се допрецизираат обврските на обезбедувачите. „Со измените се дава дополнително овластување за задржување на лице место само при извршување на кривично дело кое се гони по службена должност. Кај средствата за присилба покрај оружје, физичка сила и дресирано куче додадени се и употреба на гумена палка, средство за врзување и хемиско средство – спреј“, појасни Милеска Стефановска. Според неа, иако во Македонија се издадени дозволи за 195 агенции за обезбедување, а 116 агенции работат на терен од кои само 57 со исполнување на сите законски услови, во нив има само околу 590 парчиња оружје. Покрај тоа, има издадени и околу 140 дозволи за сопствено осигурување, а само 59 од нив работат. Досега МВР има издадено 337 дозволи за вршење дејност обезбедување на лица и имот (приватно обезбедување) .  

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка