20 Декември, 2025
0.0397

НОВИ ТЕНЗИИ НА КОСОВО: Полицијата влезе во поштите на северот

Објавено во: Балкан 05 Август, 2024 16:24

Добивај вести на Viber

Косовската полиција влезе во сите експозитури на Поштата на Србија во северно Косово.

Припадниците на косовската полиција попладнево упаднале во сите девет објекти на Поштата на Србија во четирите општини во северно Косово, населени со мнозинско српско население, објави косовскиот портал на српски јазик КоССев.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, дека се работи за синхрона акција во сите експозитури на српската пошта, во изјава за медиумите ја потврди и заменик началникот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани. Тој кажа дека полицајците влегле во канцелариите на таа пошта по барање на Регулаторното тело за електронски и поштенски комуникации (АРКЕП).

Како што објасни Елшани, тоа е направено по информацијата дека тие работат без лиценца и без регистрација во Агенцијата за регистрација на бизниси на Косово (АРБК), а се потврдило дека информацијата на АРКЕП е точна.

Експозитурите на Поштата на Србија се наоѓаат во општините во северно Косово населени со мнозиство Срби – Северна Митровица, Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток. КоССев објави фотографии од експозитурите од кои се запленети документи и по интервенцијата на полицијата истите се запечатени. 

Косовските Срби често се жалат дека властите во Приштина спроведуваат терор над нив со цел етничко чистење. 

Во Пасјане, најголемото српско село во Косово, се одржа протест на стотици граѓани поради неодамнешното апсење на петмина Срби кои се осомничени за наводни воени злосторства. На протестот беше кажано дека Србите биле уапсени без судски налог. 

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација