Новинар убиен во Мексико
Објавено во: Свет 15 Мај, 2016
Новинар е убиен во мексиканската држава Веракрус, една од најопасните за работа во медиумите.
Со ова бројот на убиените новинари од почетокот на годината во Мексико се искачува на шест. Убиениот Мануел Торес беше дописник на ТВ каналот Ацтека, еден од главните во државата. Новинарот бил застрелан во градот Поса Рика, на 300 километри од главниот град Мексико, пренесува АФП.
Државите Гереро, Оахака и Веракрус се меѓу најопасните за новинарите во Мексико. Од 2010 година досега во Веракрус се убиени 18 новинари.