21 Март, 2023
0.0197

НОВИНАРИ МУ НАНЕЛЕ ТЕШКИ ДУШЕВНИ БОЛКИ: Вучиќ ќе ги тужи

Објавено во: Балкан 17 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги тужи новинарите Јована Полиќ и Сања Лончар поради две епизоди од документарната серија Владалац. Серијата за политичката биографија на Вучиќ беше прикажана во февруари 2020 година на N1. Новинарите се коавтори на емисиите, а автор е Славиша Лекиќ.

Во тужбата, Вучиќ наведува дека новинарите му нанеле тешки душевни болки и страдања и дека му наштетиле на неговиот „високо рангиран углед и чест“, пренесува N1 Србија. Вучиќ вели дека чувствувал страв од висок интензитет бидејќи Владалац претставувал еден вид медиумски напад врз него, пренесува ЈСП продукција.

За 11 април 2023 година е закажано рочиште во Првиот основен суд во Белград, каде треба да сведочат новинарите Полиќ и Лончар, како и Вучиќ.

Авторите на серијата го тужеа Вучиќ

Во соопштението, продукцијата на ЈСП наведува дека Вучиќ добил барање за разговор, но дека од неговиот кабинет никогаш не добил одговор. Авторите на серијата го тужеле Вучиќ бидејќи кога гостувал во медиумите зборувал невистинити, навредливи и нецелосни информации за нив.

„Наместо одговор од кабинетот на Вучиќ, следеше хајка и самиот Александар Вучиќ во неколку изјави, интервјуа и гостувања во телевизиски емисии изнесе низа невистинити, нецелосни и навредливи информации за авторите на серијата.

А режимските медиуми, следејќи го претседателот, објавија повеќе од 1.000 навредливи текстови, написи, преноси за само две недели, како одговор на само две емитувања. Поради сето наведено, авторите на серијата поднесоа тужба и против Вучиќ“, се наведува во соопштението.

Во соопштението за медиумите, продукцијата наведува дека новинарите добиле противтужба две години по поднесувањето на тужбата, три години по емитувањето на емисиите и повеќе од една година по смртта на Лекиќ. Во тужбата на Вучиќ нема конкретно дејство со кое новинарите го прекршиле законот и затоа му го поставиле прашањето, пишува N1 Србија.

„Претседателе, дали имате намера формално да ја укинете слободата на изразување или ова е само уште еден притисок врз граѓаните кои размислуваат слободно и со кои не владее стравот“, прашаа новинарите.

Можеби ќе ве интересира

Курти: За членството во Советот на Европа, Косово веќе го има потребниот број гласови

Курти: За членството во Советот на Европа, Косово веќе го има потребниот број гласови

Кој е херојот кој го спаси детето во Црна Гора?

Кој е херојот кој го спаси детето во Црна Гора?

СЕ СТРЕСЕ РОМАНИЈА: Земјотресот го почувствуваа и во Србија

СЕ СТРЕСЕ РОМАНИЈА: Земјотресот го почувствуваа и во Србија

Туристи од Ќустендил откажале патување во Македонија стравувајќи од каменување на автобусите

Туристи од Ќустендил откажале патување во Македонија стравувајќи од каменување на автобусите

ТРАГЕДИЈА ВО ЦРНА ГОРА: Баба со внукот скокнала во реката Морача

ТРАГЕДИЈА ВО ЦРНА ГОРА: Баба со внукот скокнала во реката Морача

ЗОШТО ИСЧЕЗНАА ТРОЈЦА МАЖИ ВО ДУНАВ? Еве што тргнало наопаку!

ЗОШТО ИСЧЕЗНАА ТРОЈЦА МАЖИ ВО ДУНАВ? Еве што тргнало наопаку!

ЕКСПЕРТИ ЗА СОСТАНОКОТ ВО ОХРИД: Еу покажа дека нема легитимитет!

ЕКСПЕРТИ ЗА СОСТАНОКОТ ВО ОХРИД: Еу покажа дека нема легитимитет!

ТРАГЕДИЈА КАЈ ВРАЊЕ: Во сообраќајна несреќа загина 25 годишен Македонец, има и повредени

ТРАГЕДИЈА КАЈ ВРАЊЕ: Во сообраќајна несреќа загина 25 годишен Македонец, има и повредени

ЃУКАНОВИЌ И МИЛАТОВИЌ ОДАТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Обработени 95 осто од гласовите за избор на претседател на Црна Гора

ЃУКАНОВИЌ И МИЛАТОВИЌ ОДАТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Обработени 95 осто од гласовите за избор на претседател на Црна Гора