Новинари од повеќе европски медиуми во посета на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
Објавено во: Македонија 04 Април, 2017 18:25
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес беше домаќин на новинари од неколку европски медиуми, меѓу кои: радијата (Deutsche Welle – Германија; Rai3, Radio Popolare – Италија; и National Spanish radio – Шпанија), печатените медиуми (Wiener Zеitung – Австрија; La Libre – Белгија; Trud – Бугарија; Hospodarske Noviny – Чешка; Luxemburger Wort – Луксембург; Evenimentul Zilei – Романија; Altinget – Шведска; Groene Amsterdammer – Холандија; The Gardian – Велика Британија), телевизијата ORF – Австрија и новинската агенција Athens news agency – Грција. Целта на посетата на новинарите беше одблизу да се запознаат со работењето на регулаторното тело, а особено со начинот на вршење мониторинг.
На средбата беа посочени надлежностите на Агенцијата, како и активностите кои регулаторот ги презема во однос на медиумската писменост, обезбедување на достапност до медиумите за лицата со сетилна попреченост, третманот на родовите прашања, правото на одговор и исправка, и професионалните стандарди во медиумите.
Новинарите имаа можност да се запознаат и со карактеристиките на новиот систем за мониторинг на медиумските содржини - FROPS, набавен со финансиска поддршка од ЕУ преку проектот ИПА 2011. За разлика од претходно, со помош на овој систем, во седиштето на Агенцијата се примаат сигналите на сите домашни радиодифузери и оператори на јавни електронски комуникациски мрежи.
Можеби ќе ве интересира
Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име




