06 Мај, 2024
0.0256

НОВИНАРОТ КЕЖАРОВСКИ СО ТАГА СЕ СЕЌАВА НА НЕПРАВЕДНОТО АПСЕЊЕ: Државата дополнително ги награди режисерите на претставата

Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Новинарот Томислав Кежаровски се сеќава на страшниот 21 октомври точно пред осум години, кога неправедно беше уапсен, а потоа и суден, за дела кои воопшто не ги сторил. 

На својот фејсбук профил тој вели дека ја продолжува неговата борба по вистината.

„Зората ја дочекав стоејќи. Исто како и тој 21-ви октомври во 2013-тата.

Сеќавањата се навраќаат. Емоциите навираат.

Добрите работи, за зал, не се лепат во нашето сеќавање така брзо како оние кои се лоши. Кога ќе ни се случи нешто непријатно, во состојба сме со часови, денови или години да поминеме размислувајки за тоа, фокусирајќи го својот живот исклучиво на негативното. Тогаш нашето ниво на среќа моментално опаѓа. Како сега ова моево....

Кога околностите не ни одат на рака, добро е да се запамети дека секоја препрека може да биде некоја корисна лекција. Можеме да се јадосуваме, а можеме и да и посакаме добредојде и да се запрашаме: Што е добро во сето тоа? Што можам да научам од тоа?

Јас, ете, научив многу нешта...

Јавноста ги осуди ‚текстописците' и ‚режисерите' на претставата ‚Ликвидација' во изведба на Кривичниот суд во Скопје, и обвинителката Лиле Стефанова, и истражната судијка Тања Михаилова, а и другите двајца, презентерите на режимот, Дијана Груевска Илиевска и Ѓоко Ристов, за нив пишуваа и Стејт департментот и Бундестагот, и Европската комисија... ама државата дополително ги награди на уште повисоки и позначајни места во правосудството.

Но, како и да е… Без оглед на се…  Мојата борба по вистината и по правичноста продолжува!

Не е ништо завршено... 

Натпреварот се игра до последниот свиреж на судијата...

За право и правдина за кого било, не само за одредена структура на луѓе... 

Тешко е знам, патот во Македонија е полн со препреки, ама ниту една не може да биде несовладлива...“, пишува на фејсбук новинарот Кежаровски.

Можеби ќе ве интересира

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев

ЈАНАКИ ГО ВИКА АПАСИЕВ НА ТВ ИЛИ ПОТКАСТ ДУЕЛ: Ќе добие можност да ме прегази како правник, а и ќе се наплаќа

ЈАНАКИ ГО ВИКА АПАСИЕВ НА ТВ ИЛИ ПОТКАСТ ДУЕЛ: Ќе добие можност да ме прегази како правник, а и ќе се наплаќа

„КАКО ДА ГО ЧУВАМ ДЕТЕТО КОЕ СЕ ОПОРАВУВА И ДА ГИ ЛЕЧАМ РАНИТЕ ОД КУЧИЊАТА, БЕЗ ФИНАНСИИ“ - потресна приказна на граѓанка од Скопје

„КАКО ДА ГО ЧУВАМ ДЕТЕТО КОЕ СЕ ОПОРАВУВА И ДА ГИ ЛЕЧАМ РАНИТЕ ОД КУЧИЊАТА, БЕЗ ФИНАНСИИ“ - потресна приказна на граѓанка од Скопје

„ДВЕ ЛИЦА БЛИСКИ И ПОД КОМАНДА НА КИЧЕЕЦ МИ СЕ ЗАКАНУВААТ“ - Боки 13 вели дека нема да молчи и се ќе каже на второто гостување кај Лазаров

„ДВЕ ЛИЦА БЛИСКИ И ПОД КОМАНДА НА КИЧЕЕЦ МИ СЕ ЗАКАНУВААТ“ - Боки 13 вели дека нема да молчи и се ќе каже на второто гостување кај Лазаров

КАКО ВО ЛЕТО: ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ДЕНЕСКА - температури и до 26 степени

КАКО ВО ЛЕТО: ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ДЕНЕСКА - температури и до 26 степени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?