14 Декември, 2025
0.0497

НОВИНАРОТ ПОЗНАВАЧ НА ЦРКОВНИТЕ ПРИЛИКИ: Јас сум скептик дека СПЦ ќе се согласи на наша автокефалност

Објавено во: Македонија 10 Мај, 2022 13:07

Добивај вести на Viber

Ова секако е значаен и историски ден бидејќи македонската црква веќе не е во раскол, не е надвор од Православието. Таа е сега православна црква чиј статус не е уреден, но која може да сослужува со другите православни цркви, вели познатиот новинар и познавач на црковното прашање Бранко Ѓоргевски за Трилинг. 

„Од одлуката на Вселенската патријаршија произлегува дека таа ќе сослужува со македонските црковни достоинственици, но другите православни цркви за тоа сами ќе решаваат.

На пример, Украинската православна црква што ја призна Вселенската патријаршија досега ја признале само Александриска патријаршија, Грчката православна црква и Кипарската црква…Другите уште не…Така и ќе биде со нашата црква…

Сега се очекува реакција на Српската црква… Енигма е што било разговарано во Ниш. Ако имало договор, тогаш Српската црква ќе биде партнер во определувањето на идниот статус на МПЦ. Јас сум скептик дека таа ќе се согласи на наша автокефалност. Максимумот кој може да го очекуваме е широка автономија.

Ако СПЦ не е подготвена за наша автокефалност, тогаш одлуката ќе ја носи Вселенската патријаршија. И таа мислам ќе биде позитивна за нас, како во случај со Украина.

Интересна ќе биде реакцијата на Бугарската црква која се смета за наследничка на Охридската архиепископија. Тоа и пишува во Уставот на црквата. Не верувам дека ќе не прифатат со име Охридска архиепископија“, вели аналитичарот Бранко Ѓоргевски.

Извор: Трилинг

Фото: Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово