05 Мај, 2024
0.0249

Новите мерки за вработување ќе ги стимулираат компаниите

Објавено во: Економија 30 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Во рамки на денешниот Форумот со работодавачи насловен „Со подобри политики на поддршка до повеќе вработувања во бизнис секторот“  компаниите имаа можност да се запознаат со новите мерки за вработување

Во Оперативниот план за активни мерки и политики за вработување за 2015 година се предвидени 660 милиони денари.

Најголемиот дел од нив, како што рече министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, како субвенција ќе оди кај приватните компании за да се стимулираат да отворат нови работни места.

И понатаму во функција останува мерката секоја компанија која ќе вработи младо лице до 29 годишна возраст 12 месеци да биде ослободена од плаќање на придонеси, преку која, нагласи, за период од една година се вработени над 7.500 лица. Наскоро се предвидува во владина и собраниска процедура да влезе и новиот пакет на мерки за повеќе возрасни групи на невработени и ранливи групи на граѓани преку кој се предвидуваат ослободувања од плаќања придонеси за пет и повеќе години.

- Тоа ќе значи директна помош, поддршка и стимулација за приватниот сектор да отвори нови работни места заради намалувањето на трошоците за ангажирање нова работна сила. Со новиот пакет на мерки се очекува да се вработат над 20.000 нови лица, рече Спасов и најави дека и во иднина во соработка со АВРМ ќе спроведат низа активности за да се промовираат мерките пред сите компании.

За Претседателот на ССК, Данела Арсовска мерките се позитивни, бидејќи имаат за цел креирање нови работни места и намалување на невработноста, но и на давачките за компаниите.

Во рамките на работниот дел на Форумот компаниите дискутираа за искуствата од досегашната примена на политиките за вработување на локално инационално ниво и ги идентификуваат предизвиците и потребите на бизнис заедницата за јакнење на соработката и зголемување на вработеноста. Некои од компаниите презентираа свои успешни примери на користење на активните мерки и програми за вработување.

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?