29 Април, 2024
0.0623

Новите разговори со Нимиц за името малку ќе задоцнат

Објавено во: Македонија 17 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Владата брифира дека чисто од технички причини најавената средба на медијаторот Метју Нимиц и преговарачите во спорот за имете на Македонија и Грција нема да се одржи на 20 или 21 ноември како што првично беше планирано и соопштено на јавноста. 

Иако средбата на преговарачите за името со медијаторот Нимиц е одложена само еден ден откако премиерот Заев ја најави, премиерот смета дека не се работи за пречка во процесот туку само технички проблем од страна на медијаторот Нимиц. Заев не кажа дали очекува во 2018 година ќе се реши спорот, но вели останува оптимист.

„Има волја да се реши спороти пријателска атмосфера, но нема детали за почеток на било каков развој.“ - изјави Зоран Заев, претедател на владата.

Во меѓувреме се прават обиди за создавање на позитивна атмосфера и испраќање на охрабрувачки пораки за што послужи и вчерашната посета на градоначалникот на Солун Бутарис кој го покани Заев за Нова година.

Премиерот Заев кажа дека ќе расмисли и ќе одговори на поканата на солунскиот градоначалник Јанис Бутарис и не ја исклучува можноста да прослави во Солун заедно со Ципрас. Инаку пред посетата на Грција следната недела, потпретседателот на владата Бујар Османи во Анализата на ТВ 24 порача дека на грчките колеги ќе им порача дека владата е подготвена за решавање на спорот за името.

„Владата е подготвена и сметаме дека нема друга алтернатива. 2018 е историски прозорец за можности.“ - изјави Бујар Османи, вицепремиер за евроинтеграции.

Премиертот Заев пак прашан дали власта останува на ставот за името да се оди на референдум, рече дека прашањето ќе се решава заедно со опозицијата, Собранието, претседателот на државата, македонските институции и, секако, ќе се бара мислење од граѓаните.


Можеби ќе ве интересира

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи