26 Април, 2024
0.0659

НОВО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Светот ќе го зафати економска криза

Објавено во: Економија 14 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Стигна ново предупредување за криза која ќе го зафати светот. 

Поранешниот британски премиер,  Гордон Браун вели дека светот е пред нова финансиска криза затоа што владите не успеале да се изборат со причините на последниот крах пред една деценија. 

Тој беше премиер кога американската инвестициска банка Леман брадрс ја предизвика најстрашната финансиска криза од „Големата криза“ во 20 век, а сега порачува дека светот е без лидери и дека влегува во период на ранливост.

„Се занимававме со малите нешта, но не и со големите нешта“- рече Браун кој беше британски премиер од 2007 до 2010 година.

Смета дека глобалната економија не успеала да развие систем на навремени предупредувања и следења на финансиските текови на начин да може да се одреди каде се позајмуваат парите и под кои услови.

Тој смета дека се мали казните за финансиски малверзации и дека многу банки би очекувале ново спасување во случај на нова криза.

„Пеналите за малверзации не се доволно засилени. Стравот дека банкарите ќе отидат во затвор поради лошо однесување го нема. Не постои доволно силна порака дека владите нема да ги спасуваат институциите кои не си средиле по дома“, објасни Браун.

Укажа и дека меѓународната соработка која помогна во борбата против глобалната криза пред десет години денес не е возможна бидејќи државите станале протекционистички.

Претходната криза резултираше со колапс на многу финансиски институции, потпомагање на банките од национални влади и падови на берзанските пазари ширум светот

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката