19 Мај, 2024
0.0286

Ново раководство во Комисијата за хартии од вредност: Колку е атрактивно местото на кое седеше и Никола Груевски

Објавено во: Економија 08 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Различни мислења и дебати во јавноста предизвика владиниот предлог за избор на нов претседател и членови на Комисијата за хартии од вредност (КХВ). Институцијата која е регулатор на пазарот на капитал е исклучително важна за сето тргување со хартиите од вредност на пазарот. Мандатот на последниот претседател на КХВ, Елизабета Чингаровска истече уште во февруари годинава, а Владата достави предлог Нора Алити, поранешна пратеничка на ДУИ да седне на нејзиното место. Откако предлогот ќе помине во Собрание, таа би била прва претседателка Албанец. Пред Чингаровска претседатели на Комисијата беа Марина Кавракова, Весна Пендовска, а пред нејзе и поранешниот премиер Никола Груевски. Инаку за нов член на Комисијата е предложена и Лиле Делиџакова, сестра на претседателката на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева.

Функцијата на регулаторот е важна, а изборот на персоналените решенија треба да ја земе предвид нивната професионалност и стручност. Според правилата, КХВ, ја контролира целата документација на издавачите на хартии одвредност, но презема и мерки за заштита на интересите на лицата кои се сосптвеници или инвестираат во акции. Самата Комисија треба да спречи нечесни и незаконски дејствија кои се поврзани со работењето со хартии од вредност. КХВ одредува и стандарди на конкуренција на пазарот, но и дава дозволи за именување на директори на брокерски куќи, како и на друштвата за управување со инвестициски фондови.

Предлогот доаѓа од Владата, но новите комисионери треба да ги избере Собранието. Тие имаат мандат од пет години, но имаат право и на реизбор. Владата за други членови ги предлага и Зоран Колев, Кирил Јовановски и Душко Гошевски.

Инаку во текот на вчерашниот ден се тврдеше дека Владата ја предложила Делиџакова затоа што била професионалан и го имала потребното искуство. Таа е дипломиран економист. 

Александра Мишовска

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа