15 Мај, 2024
0.0285

Новото Собрание ефикасно за законите за екстерно и локалните избори

Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Собранието на Република Македонија денеска со 66 гласови за, и ниту еден воздржан и против, ја усвои Предлог-одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија.

На оваа седница во скратена постапка беа предложени измени на Изборниот законик, со кој локалните избори се предвидува да се одржат во првата половина на октомври годинава, како и законските измени за укинување на екстерното тестирање во основите и средните училишта.

Предлогот на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка, поднесен од Оливер Спасовски, Ејуп Аљими, Африм Гаши, Весел Мемеди и Илија Димовски, како што образложуваат поднесувачите е со цел надминување на состојбата во Република Македонија поради неодржувањето на локалните избори во мај 2017 година и предлог изборите за членови на советите и за градоначалниците да се одржат во првата половина на октомври.

Предлог на закон за изменување на Законот за основното образование, предлог на закон за изменување на Законот за средното образование, и Предлог на закон за изменување на Законот за наставници во основните и средните училишта, сите во скратена постапка се предлагаат за да се укине екстерното тестирање.

Тестот од 30 прашања, рече пратеникот Петар Атанасов, не ја одразува реалната слика за знаење на ученикот, тој е нереален и необјективен.

Предложените законски измени откако беа ставени на дневен ред по скратена постапка, треба да бидат разгледани на соодветните собраниски комисии. Расправата по нив на пленарна седница на Собранието ќе продолжи откако ќе завршат комисиските расправи.

Седницата, рече претседателот на Собранието Талат Џафери, ќе продолжи кога ќе се создадат условите за нивно разгледување и откако ќе го известат комисиите дека ги разгледале по постапка и процедура предвидена со законот.

На денешната седница им беа верификувани пратеничките мандати на Невенка Стаменковска, Никица Корубин, Мирослав Јовановиќ, Славица Шуманска Митева, Сашко Атанасов, Лилјана Поповска и Бети Рабаџиевска Наумовска.

Со процедурална забелешка пратеникот Влатко Ѓорчев побара да се провери дали во Собранието е присутно потребното мнозинство за почеток на седницата и за гласање. На ова Џафери му одговори дека поради затајување на системот на еден пратеник не му се евидентирало гласањето, поради што, како што истакна собраниските служби ги преоброиле присутните пратеници и утврдиле дека има потребно мнозинство од 61 пратеник.

Ѓорчев забележа и на фактот што Собранието продолжило со работа и покрај тоа што, пред неколку часа имало обид за убиство на Никола Тодоров, довчерашен пратеник, министер за здравство и вицепремиер. Сепак, претседателот на собранието Џафери посочи дека може да се продолжи со работа бидејќи и претходно имало сложени состојби во кои се функционирало.


Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА И ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА И НЕВРЕМЕ: Еве што нѐ чека од петок

ДОАЃА И ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА И НЕВРЕМЕ: Еве што нѐ чека од петок

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци