Новото здание пред ГТЦ ќе било панорамски лифт
Објавено во: Македонија 24 Април, 2020
Новото здание што се гради пред Градскиот трговски центар од страната на плоштадот и кое ги вознемири граѓаните, прашувајќи се за каква работа станува збор, ќе биде панорамски лифт.
Ова го потврди директорот на ГТЦ, Ѓоко Трајчевски, кој за СДК.мк вели дека лифтот првенствено ќе биде наменет за лица со инвалидитет и мајки со деца и дека нема да го наруши изгледот на шопинг-центарот.
Ќе чини 4 милиони денари и освен за возење до зелениот покрив ќе има пристап до подрумот, приземјето и првиот кат.
Според Трајчевски, може да изгледа непријатно локацијата додека е во процес на изградба, но потоа треба да се вклопи во содржината.