26 Април, 2024
0.1807

Николовски и Шекеринска во жолчна дебата за уставните измени

Објавено во: Македонија 15 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Потпретседателите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ - Радмила Шекеринска и Александар Николовски имаа жесток тв-дуел во емисијата „360 Степени“ на Алсат во која меѓудругото се отвори и дилемата зошто референдумот се одржува пред граѓаните да знаат што ќе се промени во содржината на Уставот на Македонија, согласно Спогодбата од Преспа.

- Која е логиката да гласаат граѓаните за нешто што однапред не го знаат. Не знаеме што е тоа што ќе се менува. Ќе има измени во амандманот 3 за територијалниот интегритет на Македонија. Можеби ќе се менува таму содржината дека Македонија ќе се дели територијално - рече Николовски.

На ова Шекеринска реплицираше дека за уставните измени ќе се дебатира четири месеци и дека граѓаните треба првин тоа да го одобрат на референдум.

- Прво треба да знаеме дали граѓаните воопшто сакаат уставни измени. Ако излезат во мнозинство и повеќето гласаат „ЗА“ тоа ќе биде знак дека ние можеме да почнеме со таа процедура - возврати Шекеринска.

Николовски рече дека ќе ја почитува волјата на граѓаните кога ќе дојде ред да се гласа за промена на Уставот, но дека не очекува референдумот да успее во смисла на цензуална излезеност.

- Повеќето гласачи нема да излезат и тоа ќе ми даде за право да бидам против преспанскиот договор - констатираше Николовски.

Шекеринска возврати дека Николовски како и ВМРО-ДПМНЕ додека беше 11 години на власт бега од одговорност.

- Тие сакаат референдумот да пропадне и да гласаат за негово прифаќање само под услов да одобриме амнестија за нивното претходно криминализирано раководство со промена на кривичниот законик - рече Шекеринска.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“