Обама му се обратил на претседателот на Авганистан со погрешно име
Објавено во: Свет 25 Март, 2015
Според авганистанската агенција „Хама“ на заедничката прес-конференција во вторникот Обама неколку пати го нарекол авганистанскиoт колега „Карзаи“.
Скандалот пламна во Авганистан поради грешка на американскиот претседател Барак Обама, кој го заборавил презимето на претседателот во „историска посета“ на Вашингтон и авганистански претседател Ашраф Гани, соопшти „ТАСС“, повикувајќи се на авганистанската новинска агенција „Хама прес“.
Според агенцијата на заедничката прес-конференција во вторникот Обама неколку пати го нарекол авганистанскиот колега „Карзаи“.
Хамид Карзаи е претходниот претседател на Авганистан, кој владеел во периодот 2004 - 2014 година. Претседателот Гани се обидувал да не обрне внимание на грешката.Обама не успеал да го запамети презимето на новиот авганистански лидер, иако Ашраф Гани, кој веќе два дена е во посета на САД, ја врши функцијата повеќе од половина година.