Обезбедена посебна сметка за граѓаните со низок доход кои не се најдоа на листата заради неажурирани лични податоци
Објавено во: Економија 29 Декември, 2020
Обезбедена е посебна сметка за граѓаните со низок доход кои не се најдоа на листата заради неажурирани лични податоци, соопшти Владата.
На 35-та седница Владата донесе Одлуката за дополнување на Одлуката за отворање на посебна наменска сметка за лицата кои не ги ажурирале податоците до законски предвидениот рок и кои заради тоа не се најдоа на листата за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.