Добивај вести на Viber
Уште 400 нови вработувања ќе има во јавното здравство до крајот на годинава најави денеска министерот за здравство Никола Тодоров. Според него, овие вработувања се дел од ветените 800 вработувања на здравствени работници во текот на 2013 година.
„ Веќе се распишани огласите за 400 вработувања во јавното здравство, од кои половина се докторски кадар, односно специјалисти или специјализанти, а другата половина се сестри, болничари, акушерки и друг медицински персона“, изјави Тодоров.
Тој уште откри дека во болниците и јавните здравствени установи за помалку од две години се примени околу 1.200 здравствени работници. Со новите вработувања, смета тој, нема да се не дозволи стагнација на македонското здравство.
„Првпат распишуваме огласи за вработување на доктори кои што потоа ќе ги упатиме на специјализација во странство. Така се распишуваат и огласите, значи стои во огласот дека се бара лекар кој ќе се упати на специјализација во странство, а потоа ќе има обврска да се врати во Македонија“, појасни Тодоров кој уште додаде дека новите специјалисти што ќе излезат ќе се распоредуваат низ цела Македонија
Истовремено најави и дека наскоро ќе се промовираат проектот за изградба на нова Клиничка болница во Штип која ќе биде многу модерена и современа болница.