14 Декември, 2025
0.0410

Објавен записникот за МНТ: „Шверцери“ направиле вкупна штета од 4.000 евра, имало и дупки од отпушоци

Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2019 13:20

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев денеска на пратеничко барање во Собранието го прочита записникот од направената штета во Македонскиот народен театар од страна на навивачката група „Шверцери“ при одбележувањето на јубилејот на ФК Шкупи и објави дека вкјупната штета е 4.000 евра која ќе си ја плати одговорниот што дополнително треба да биде утврден.

Шефот на македонската Влада прочита искршени столици, наслони, пет парчиња откорнат тапацир, скршени ногарки, оштетен парапет на првата и на втората галерија, откорнати орнаменти, пштетени пет парчиња подни светилки и оштетени теписони од отпушоци.

„Има штета,. но духовната е поголема. Се знае под какви околности се користи театарот.  Кога ќе поминат постапоките ќе има дел на поединечна одговорност. Одговорното лице ќе си ја плати, но одговорност ќе има и за духовната штета. Не смее материјалните и духовните добра да бидат оштетени и омаловажени. Реакцијата од јавноста е духовната болка. Во театар сакаме да видиме конзумирање на култура и вдахновение“, рече Заев од собраниската говорница.

Владата претходно формираше комисија од три члена за утврдување на штетата, а како организатор на настанот се смета дека е Министерството за култура. Директорката на МНТ претходно рече дека го одобрила овој настан откако и било кажано дека тоа ќе биде втор дел од одбележувањето на годишнината од Албанската азбука.

Можеби ќе ве интересира

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово