14 Април, 2025
0.0299

ОБЛЕЧЕТЕ СЕ УБАВО, ДЕНЕСКА ЌЕ ДУВА СИЛЕН ВЕТЕР - температурите под просекот, еве што не очекува оваа работна недела

Објавено во: Македонија 07 Април, 2025 06:29

Добивај вести на Viber

Најавеното заладување деновиве навистина ќе го осетиме. По пријатните температури во саботата, денеска и наредните денови според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи не очекуваат навистина ниски температури.

Според метеопрогнозерите на почетокот од оваа работна недела не очекува стабилно, но ветровито и ладно време. 

Температурите како што најавуваат синоптичарите ќе бидат под просекот за овој период од годината. 

Засилен северен ветер ќе дува во текот на денот, со брзина од над 70 километри на час, а наместа ќе има услови за провејување на слаб снег - информираат од УХМР.

Температурите денеска ќе се движат од минус осум до 1 степен наутро, и од нулата до 10 степени преку ден. 

Очекувано најниски температури ќе има на планините, каде и снежната прекривка е поголема, а најтопло ќе биде на југот, поточно во Гевгелија и Дојран. 

Како што најавуваат метеоролозите во следните денови времето ќе биде стабилно и ветровито, со температури под просекот за овој период од годината.

Утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните во постепен пораст. 

Слично време не очекува и во наредните денови. 

За вторник според УХМР може да очекуваме ведро и студено утро, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Еве како ќе биде во наредните денови: 

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

„МОЖЕВ ДА УЦЕНУВАМ МИЛЈАРДЕРИ СО ФЕРАРИ“: еве го тврдењето на Палевски за обвинението - го поврзува со голем скандал со перење пари во Македонија

„МОЖЕВ ДА УЦЕНУВАМ МИЛЈАРДЕРИ СО ФЕРАРИ“: еве го тврдењето на Палевски за обвинението - го поврзува со голем скандал со перење пари во Македонија

Поднесена интерпелација за Тошковски

Поднесена интерпелација за Тошковски

Советничка на ВМРО-ДПМНЕ си даде оставка во општина Кочани: Се залетаа за функции, се грижеа само за своите интереси

Советничка на ВМРО-ДПМНЕ си даде оставка во општина Кочани: Се залетаа за функции, се грижеа само за своите интереси

ПОГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ СЕ ЕКСТУБИРАНИ И ЧЕКААТ ОПЕРАЦИИ, НО ДВАЈЦА СЀ УШТЕ СЕ КРИТИЧНИ - Таравари со најнови информации

ПОГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ СЕ ЕКСТУБИРАНИ И ЧЕКААТ ОПЕРАЦИИ, НО ДВАЈЦА СЀ УШТЕ СЕ КРИТИЧНИ - Таравари со најнови информации

ОЈО БАРА МЕРКИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ПОСЛЕДНИОТ 19 ОСОМНИЧЕН - Обвинителството со нови детали

ОЈО БАРА МЕРКИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ПОСЛЕДНИОТ 19 ОСОМНИЧЕН - Обвинителството со нови детали

Исчезнатиот велешки планинар пронајден мртов

Исчезнатиот велешки планинар пронајден мртов

Тошковски: Истрагата за Кочани не е завршена

Тошковски: Истрагата за Кочани не е завршена

Полиција трага по исчезнат пензиониран планинар во Велес

Полиција трага по исчезнат пензиониран планинар во Велес

„Ќе направиме сѐ што ќе побарате, само пуштете ја“: Александар Ѓорчевски денеска одговараше на прашања на судијата

„Ќе направиме сѐ што ќе побарате, само пуштете ја“: Александар Ѓорчевски денеска одговараше на прашања на судијата