ОБРАЌАЊЕ ПРЕД ЕП: Каква порака ќе упати премиерот Заев од Стразбур
Објавено во: Македонија 13 Септември, 2018
По обраќањето на Алексис Ципрас во ЕП пред два дена, денес на пленарната седница во Европскиот парламент ќе зборува премиерот Зоран Заев.
Според најавите премиерот ќе зборува за перспективите на Македонија а се очекува да се осврне и на договорот со Грција, претстојниот референдум и за реформите поврзани со интеграцијата на земјата во Европската унија.
Ципрас во обраќањето ги истакна дипломатските успеси на неговата влада во регионот, нарекувајќи го Преспанскиот договор „врвот на нашите напори“.
„Со премиерот Заев успеавме да стигнеме до заеднички прифатливо решение без употреба на сила, туку преку дипломатија и дијалог. Овој договор може да биде модел за решавање на споровите во нашиот регион“, кажа Ципрас пред европратениците.