Обвинение и продолжен притвор за ќерката што ја задави мајка си во Карпош
Објавено во: Македонија 16 Септември, 2019
Ќерката што ја задави мајка си пред два месеци во скопски Карпош доби обвинение за убиство и барање за продолжување на притворот од страна на Основното јавно обвинителство.
Против 46 годишна жена која ја задави 74-годишната мајка е обвинета за сторено кривично дело откако ноќта меѓу 1 и 2 август при вршење семејно насилство со насилно задушување ја лишила од живот жената.
Надлежниот јавен обвинител до судот доставил и посебен предлог за продолжување на притворот поради постоење можност дека обвинетата ќе се даде во бегство или дека ќе влијае врз сведоци и ќе се обиде да ги уништи трагите од кривичното дело,