26 Април, 2024
0.0289

ОБВИНЕНИЕ: Јанева добила 50 илјади евра и мебел, Јовановски ги потрошил сите пари

Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Кривичен суд поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.

Две од обвинетите лица се товарат дека сториле кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“ а на Јовановски му е препишано кривично дело „Перење пари и други приноси од казниво дело „. На Јанева ќе и се суди и за „Злоупотреба на службена положба и овластување“.

Боки 13 од ноември минатата година  до месец април годинава, искористувајќи ги своите добри односи со Јанева, влијаел да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши во предметот со работен наслов „Империја“ за да ја олесни положбата на Јордан Камчев, сведокот кој во предметот е еден од осомничените и на кого по предлог на јавниот обвинител му било определена мерка притвор. Милевски битно придонел за извршувањето на кривичното дело со договарање на континуирани средби на Јовановски со сопругата на Камчев, а подоцна и со самиот бизнисмен.

Јанева како специјална обвинителка откако Јовановски заедно со Милевски ги добиле договорените 500.000 евра од сопругата на сведокот до Апелациониот суд – Скопје доставила предлог за определување на поблага мерка – куќен притвор за Камчев, кој предлог бил прифатен од страна на судот. По исплатата на првите 1.000.000 евра, Јанева доставила писмена согласност до судот одземениот пасош привремено да му биде вратен на сведокот.

Јанева присвоила мебел во износ од 296.040 денари и пари во износ од 50.000 евра, а за противзаконито влијание другите двајца обвинети примиле награда од 1.500.000 евра. Јаневски на почетокот на оваа година купувал за себе луксузен мебел, облека и обувки и престојувал во луксузни летувалишта – ресорти надвор од нашата земја што упатува дека ги потрошил сите пари.



Можеби ќе ве интересира

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите