Обвинувања за Русија дека дестабилизира дел од Европа
Објавено во: Свет 14 Јули, 2018
Министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис тврди дека активностите на Русија во Југоисточна Европа се со дестабилизирачки карактер.
„Русите ја поткопуваат демократската структура на земјите (од тој регион) преку ширење лажни информации, економски мерки и мешање“- вели Матис во разговор со новинарите на пат од Хрватска за Норвешка, објави прес-службата на Пентагон.
Матис во Загреб се сретна со министрите за одбрана на земјите од Јадранската повелба. Иницијативата е формирана во 2003 година од Албанија, Македонија и Хрватска за да се олесни влезот на овие земји во НАТО. Во 2008 година им се приклучија и Црна Гора и Босна и Херцеговина.