26 Април, 2024
0.0276

ОЦЕНКИ НА БИЗНИСОТ: Ќе има ли нови вработувања во приватниот сектор?

Објавено во: Економија 20 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Падот на нето странските инвестиции во БДП и  негативниот предзнак на Бруто инвестициите,  како последица на замрената инвестициска активност се покажа и преку официјалните мерења. Ланската 2017 година заврши со сладо од 227 милиони евра странски директни инвестиции, што како апсолутен износ ја рангира ланската година како една од послабите инвестициски години. Според дел од економистите, но и според оценките на меѓународните финансиски институции, овие показатели се очекувани со оглед на долготрајната незивесност од политичката криза.

Што се случува во градежништвото и преработувачката индустрија?

Првите месеци од оваа година започнаа со мало придвижување на економијата. Од февруари регистрирано е благо зголемување на побарувачката на кредити од страна на компаниите, од каде се праќаат сигнали  дека економската состојба на крајот на првиот економски квартал од 2018 година е благо подобрена во однос на последното тромесечје од 2017 година.

Сепак, оценките и очекувањата се различни на менџерите во зависност од бизис – секоторот од кој доаѓаат. Отсуство на опимизам има во еден од носечките бизниси, градежниот.  Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на довербаво првото тримесечје од 2018 година е поголем за само 0, 1 процентен поен во однос на четвртото тримесечје од 2017година, а е зголемен за 0.7 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2017 година.Поповолни во однос на последното тромесечје од 2017 година се  очекувањата за вкупните порачки, односно договори

Градежниците очекуваат дека  бројот на вработени ќе останe речиси непроменет во наредните три месеци. Во овој сектор, според податоците  што ги објави Заводот за статистика, оценката за економската состојба во првото тримесечје од 2018 е понеповолна во однос на претходното тримесечје,Во наредниот период се очекува продажните цени да се намалат, пришто најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на градежната активност имаат следниве фактори:  нема побарувачка со 21.8 %, зголемени трошоци за материјали со 20.9 %, како и  конкуренција во сопствениот сектор и неповолните  временски услови.

За разлика од бизнисмените од градежништвото, стопанствениците од преработувачката индустрија, која котира високо според  бројот на вработени, индикаторот на доверба во овој сектор е без промени во март во однос на февруари годинава. Очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни а се очекува да расте и бројот на вработени во оваа индустрија. Бизнисмените  од преработувачката индустрија оценуваат дека   економската состојба на фирмите во март 2018 година е поповолна во однос на претходниот месец и во однос на март 2017 година.

По ланското фијаско, се очекува закрепнување !

Во очекување на новите квартални податоци за состојбата со странските директни инвестиции, но и за состојбата со инвестициската активност на домашните фирми, показателите за 2017 година потврдија дека ланската година е една од инвестициски послабите  години. Така, салдото на странските директни инвестиции на крајот од 2017 година изнесува 227,4 милиони евра,  и во однос на 2016 година, тие се намалени за 111 милиони евра. Дел од економистите  велат дека на почетокот на оваа 2018 та има раздвижување во економијата,  со оценка дека инвестициите и личната потрошувачка, по надминувањето на политичката криза, полека почнале да растат. Со оглед на ваквиот почеток, се очекува и остварување на економскиот раст од 3,2%.

“Значи, оваа стапка е остварлива. Инаку Македонија не оваа година, туку 2019 година и натаму мора да направи се да постои стапки на раст меѓу 4,5 и 5 отсто. Тоа е потенцијалот на македонската економија, ако сакаме да одиме напред… Ако ја слушавте и регионалната директорка на Светска банка, и таа кажа дека ако земјите од Западен Балкан продолжат да одат со оваа стапка на раст која сега ја имаат, од околу 2,8 отсто во просек, на Македонија ќе и требаат 60 години за да се доближиме до стандардот на граѓаните на ЕУ. Значи, основно е да се динамизира растот“ – изјави академик Таки Фити.

Како последица на намалување на странските директни инвестиции, се “стопија“ и показателите за Бруто инвестициите, кои завршија со пад од 4,5% на крајот од 2017 година. Инаку, нето странските директни инвестиции на крајот од 2017 година изнесуваа 2,3% од БДП. Годинава се најавени нови странски инвестиции, односно според информациите од Владата наскоро се очекува потпишвање на договори со 18 странски компании од различни сектори, оние кои можат да се заедно со зголемена економска активност. 

А.Д. 

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра