Од 1 април ЕУ ги укинува квотите за производство на млеко
Објавено во: Економија 01 Април, 2015
Од 1 април Европската унија ги укинува квотите за производство на млеко, кои дејствувале во текот на 30 години, објави BBC.
Причината за воведување на квоти своевремено биле стравувањата дека пазарот ќе се презасити со млечна продукција.
Во денешно време, сепак, благодарение на зголемувањето на побарувачката на млечни производи во Азија, таква опасност постои.
Некои експерти стравуваат дека сепак влошувањето на конкуренцијата меѓу млекопроизводителите во ЕУ може да влијае на цените при купување, што може да доведе до криза во индустријата.