Од 405, гласале 408 во Ѓорче Петров
Објавено во: Македонија 22 Април, 2019
Државната изборна комисија донесе одлука за разрешување и дисциплински мерки против надзорната комисија на избирачкото место 2564 во општина Ѓорче Петров.
ДИК истакна дека во гласачката кутија имало три гласачки ливчиња повеќе од вкупниот број гласачи, односно од 405 евидентирани гласачи имало дури 408 во кутијата. ДИК најавува дека нема да се гласа на ова избирачко место, но ќе биде избрана нова комисија.