СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Објавено во: Македонија 14 Декември, 2025 16:30
Во Македонија нема простор за отворање мигрантски кампови, рече денеска претседателот на Движењето ЗНАМ - За Наша Македонија, Максим Димитриевски.
На крајот од обраќањето по повод двегодишнината на ЗНАМ, Димитриевски потенцира дека на иста линија се и останатите коалициски партнери.
-Македонија својата мигрантска приказна ја заврши во 2000 година, со завршувањето на косовската криза. Нема простор за отворање мигрантски кампови во Македонија. ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка, а на иста линија се и останатите коалициски партнери во Владата, подвлече Димитриевски.
Претходно денеска, координаторот на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски истакна дека неговата партија јавно ги осудува политиките и одлуките на поранешната влада на Зоран Заев, со која, како што напомена, беа отворени можности за создавање кампови за мигранти, спротивно на националните и државни интереси.
Можеби ќе ве интересира
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено




