Од април вработените во основните и средни училишта со зголемена плата

Објавено во: Економија 30 Март, 2025 17:38
Во април ќе има золемување на платите во образованието од седум проценти, а тоа, покрај за наставниот кадар, ќе важи за сите вработени во основните и средните училишта, објави денес министерката за образование и наука, Весна Јаневска.
- За жал се појавија бројни шпекулации на социјалните мрежи дека нешто не е во ред со покачувањето на платата. Тоа не е точно, одговорно тврдам дека и оваа година, како и претходните, наставниците ќе си добијат поголема априлска плата за 7 проценти, рече министерката Јаневска одговарајќи на новинарско прашање пред одржувањето на третиот Женски Економски Форум во Скопје.
Министерството за образование и СОНК вчера потпишаа нова спогодба за раст на платите. Најниската плата за најнискиот степен на сложеност на вработените во осноните училишта изнесува 22.745 денари, пишува во документот.
Меѓутоа дел од просветните работници незадоволни на социјалните мрежи велат дека ова е бруто износ, што нето би изнесувало 15.250 денари.
„Министерството за образование доколку го почитува колективниот договор и законот за минимална плата и СОНК да ги почитуваше законите и да се грижеше за просветните работници, ќе ја утврдеа за основица минималната плата на државно ниво која е во висина од 33.352 денари во Бруто износ или 22.567 денари во Нето износ. Со непочитување на колективните договори и законот за минимална плата, платата на просветните работници е скратена за една третина“, пишуваат на социјалните мрежи.
Можеби ќе ве интересира
ТРЕНДАФИЛОВ ПРЕДЛАГА: Минималец од 500 евра за мене и за сите функционери во наредните 12 месеци

ЦЕНА ЗА РАБОТЕН ЧАС: Словенците се подобри од Хрватите

„Стабилни инвестиции во обновливи извори – Започна подготовката за воведување на CfD механизам во Македонија“

ВАЖНО ЗА СИТЕ ОНИЕ КОИ САКААТ ДА КУПУВААТ ОНЛАЈН: Амазон , Зара, Асос, Зеландо, DHL, H&M и останатите, воведуваат нови правила за враќање кои мора да ги знаете

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДЕНЕС ТРИЈАТ РАЦЕ: За 2.500 денари повисоки пензии

ПО 142 ГОДИНИ РАБОТА СТАВААТ КЛУЧ НА ВРАТА: Позната германска пекара која постои над еден век затвора

ТАТЈАНА ШТЕРЈОВА-ДУШКОВСКА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „КОМОРСКОТО ФУНКЦИОНИРАЊЕ НУДИ СЕСТРАНОСТ ВО РАБОТАТА И ГОЛЕМ КРУГ НА ПРИЈАТЕЛСТВА“

МОЌНО ГЛОБАЛНО ОРУЖЈЕ Америка ги контролира 20-те најголеми европски банки
