26 Април, 2024
0.0275

Од денес се намалува лимитот за плаќање во готово

Објавено во: Економија 01 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Од денес стапува во сила  обврската од законот за спречување на перење пари и финансирање тероризам во кој минатата година со посебна уредба се ограничи во земјава висината на плаќањето во кеш. Односно, од денес нема да бидат дозволени кеш плаќања во вредност над 500 евра, во денарска противредност.

Ако денес планиравте да одите на пазарување на бела техника и истата ве чини 35.000 денари, нема да можете да ја платите во готово, туку само на картичка или преку уплатница во банка.

Оваа забрана ќе важи и за физички и за правни лица, а доколку се прекрши Законот, следуваат казни во износ од 5.000 до 80.000 евра. 

Токму поради тоа досега реагираа и дел од сопствениците на вакви маркети, кои тврдеа дека е можно да им се намали прометот оти прагот е низок. Своја реакција имаа и стопанските комори, но законодавецот не попушти. Од министерството за финансии велат дека преку оваа мерка ќе се заштитат трговците и државата од пуштање во промет на пари со сомнително потекло и да се намали сивата економија, а граѓаните во кеш да купат само нешто ситно.

 Во јануари годинава сумата прво се спушти од 2.000 евра на 1.000 евра, а од денес тој праг ќе се намали на само 500 евра.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра