11 Јули, 2020
0.0426

Од Фондот за иновации 4,2 милиони евра, компаниите вложуваат уште 10 милиони евра

Објавено во: Економија 22 Мај, 2020

Вкупно 69 компании ќе реализираат инвестиции од речиси 14 милиони евра. Тие се дел од јавниот повик за Технолошки развој на Фонд за иновации и технолошки развој. Од оваа сума четири милиони евра е поддршката на државата, додека 10 милиони евра сеод приватниот сектор, што значи дека компаниите вложуваат по 2,2 евра од приватни извори. Ова го изјави на денешната прес конференција Јован Деспотовски, директорот на Фондот за иновации кој реше дека ова покажува дека има домашни компани кои и во услови на криза се подготвени да инвестираат во прилагодување и развој, а со тоа и во побрзо заздравување на домашната економија. 

„Побрзо надминување на кризата не само за вработените во овие компании, туку за сите наши сограѓани. Ова е добар модел кој треба и понатаму да се развива. Овој модел подразбира целосно вклучување на приватниот капитал, банките во заздравување на економијата, што во изминатите месеци беше, во голема мерка, на товар на државата, рече Деспотовски

Од одобрените 69 инвестициски проекти, најголем дел 11 се во областа на медицината и здравството, што покажува дека државата и приватниот сектор сега вложуваат во зајакнување на капацитетите за справување со последиците од кризата и подготвеност во иднина. Финансиската поддршка за овие 69 компании се однесува за воведување на нови технологии во работењето со што се зголемува конурентноста и ефикасноста во нивното работење. Компаниите вработуваат околу 1.800 лица и се очекува да ги реализираат своите инвестиции во следните 12 – 18 месеци. Најголем дел од компаниите се микро и мали (над 80%), а доминираат оние што се регистрирани во Скопје (50% од одобрените проекти).

Директорот Деспотовски истакна дека охрабрува бројот од 55% од компании што се јавиле по втор или повеќе пати на јавните повици на Фондот, а сега се помеѓу оние за кои е донесена позитивна одлука. Тоа укажува на постепено менување на менталитетот на домашните компании кон поголема упорност, но и зголемена доверба во процедурите на доделување на средства од Фондот. Само 3 компании од оние чии проекти се одобрени се или биле досега корисници на средства на Фондот, што говори дека кругот на корисници на средства постојано се проширува.

Одлуката за ко-финансирање е донесена од Комитетот за одобрување на инвестиции на, составена од петмина странски експерти, а врз основа на однапред објавени критериуми: ниво на технолошки напредок, квалитет на подготвен проект, потенцијал на пазарот, капацитет на проектниот тим и влијание на проектот. Компаниите чии инвестициски планови не се одобрени за финансирање во оваа фаза добиваат мислење од страна на Комитетот, кон кое може да се произнесат, а со тоа добиват можност за повторно разгледување или учество по скратена постапка во некој од следите повици.

На прес конференцијата беа презентирани и дел од анализите на Фондот за резултатите од досегашната работа, а во контекст на креирање на нови мерки за натамошна поддршка на економијата. Вкупното портфолио на ФИТР, заклучно со април е 343 поддржани компани со вкупен обем од 63 милионии. Речиси 27 милиони евра се сопствено учество на компаниите и на банкарскиот сектор, додека останатиот дел е учество на Фондот.

“Ова е за 63 пати повеќе од периодот 2015 – 2017 година и е показател дека со вистински таргетирана политика, која ја креираеме со сите релеватни фактори како стопанските комори и меѓународните инстуции домашните компании стануваат поконкурентни. Овие бројки покажуваат дека има сериозен потецијал во домашната економија оваа економска криза да ја пребродиме побрзо отколку што очекуваме,“ изјави Деспотовски. Особено позитивен резултат во однос на ефектите е податокот дека овие компании финансирани од Фондот во 2019 година уплатиле по однос на данок на добивка, данок на доход и придонеси уплатиле речиси над 17 милиони евра. Оваа бројка е за околу три милиони евра поголема од износот уплатен по овој основ споредено со 2018 година.

ФИТР дополнително спроведе и анализа на работењето и ефектите од вложувањето во домашната економија. Со анализата се опфатени 205 компании со најмалку една година од почетокот на реализација на инвестицијата. Според оваа анализа кај компаниите е регистриран пораст на приходи од 11, пораст на добивка од 71%, пораст на бројот на вработени од 6%, но и пораст на плати од 11%.

Деспотовски најави и дека Фондот до владата веќе има доствено предлог мерка која е дел од третиот економски пакет. Тој очекува дека до крајот на следната недела компаниите веќе ке може да аплицираат за овој инструмент наменет за полесно надминување на последиците од здравствената криза


Можеби ќе ве интересира

МАЛА ПОНУДА НА НАФТА: Во светот вакво нешто немало една деценија

МАЛА ПОНУДА НА НАФТА: Во светот вакво нешто немало една деценија

Ангеловска: Над 187.000 граѓани со домашните платежни картички потрошиле 10.7 милиони евра

Ангеловска: Над 187.000 граѓани со домашните платежни картички потрошиле 10.7 милиони евра

Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија повикува компаниите да не бидат вклучени во предизборната реторика

Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија повикува компаниите да не бидат вклучени во предизборната реторика

Кои се најуспешните компании во Кавадарци?

Кои се најуспешните компании во Кавадарци?

МАСОВНО КУПУВААТ ИМОТИ: Словенците го „окупираа“ хрватското крајбрежје

МАСОВНО КУПУВААТ ИМОТИ: Словенците го „окупираа“ хрватското крајбрежје

Еве каде можете да ги искористите ваучерите за туризам

Еве каде можете да ги искористите ваучерите за туризам

СТРАВ КАЈ ГЕРМАНЦИТE: Секоја петта компанија е во ризик

СТРАВ КАЈ ГЕРМАНЦИТE: Секоја петта компанија е во ризик

МЕРКИТЕ ГИ ПОЧИТУВАВМЕ, НО НЕ МОЖЕТЕ ДА ГИ КОНТРОЛИРАТЕ СИТЕ ВРАБОТЕНИ И НА ПАУЗА И ВО ТОАЛЕТ - Димитров за заболените во „Мода“ Свети Николе

МЕРКИТЕ ГИ ПОЧИТУВАВМЕ, НО НЕ МОЖЕТЕ ДА ГИ КОНТРОЛИРАТЕ СИТЕ ВРАБОТЕНИ И НА ПАУЗА И ВО ТОАЛЕТ - Димитров за заболените во „Мода“ Свети Николе

Колку работодавци и работници добиле финансиска поддршка за три месеци?

Колку работодавци и работници добиле финансиска поддршка за три месеци?