27 Април, 2024
0.0551

Од кабинетот на Анѓушев велат дека ВМРО-ДПМНЕ изнесе лаги за продажбата на EDS

Објавено во: Економија 09 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Од кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓушев, во врска со прес - конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски одржана денеска, велат дека се изнесени низа на невистини и шпекулации поврзани со заменикот претседател на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев, за продажбата на компанијата Energy Delivery Solution (EDS). 

„Вицепремиерот Анѓушев, почитувајќи го јавниот интерес, потполно транспарентно изврши продажба на приватна компанија, изградена од нула, која успешно функционира со години во 9 земји и притоа јавноста беше информирана и за прецизниот износ за кој компанијата е продадена. Воедно, би сакале повторно да ја информираме јавноста и да го потсетиме ВМРО-ДПМНЕ дека пред да биде извршена продажбата на компанијата три реномирани меѓународни ревизорски куќи (Ernst & Young,  Baker Tilly, Grant Thornton), извршија ревизија на работата на компанијата, по што беше формирана цената за продажба. Сите коментари за продажба на EDS, што се врзуваат во политички контекст се апсолутно неосновани и неточни. Крајно несериозно е ВМРО-ДПМНЕ, која се смета за сериозна партија, да се повикува на непотврдени и неофицијални информации од извори, кои притоа и не ги именува, истите да ги претставува како факти и со таква леснотија да изнесува невистини и шпекулации пришто е очигледен обидот да се наруши личниот углед на вицепремиерот, но и на компанијата“- велат од кабинетот на Анѓушев. 

Поради изнесените лаги и обидот за нарушување на угледот на вицепремиерот, ќе бидат преземени сите правни механизми, вклучувајќи и евентуална судска заштита, во насока на зачувување на личноста и интегритетот на потпретседателот на Владата.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра