Од куќа во Скопје украдени еден милион евра во повеќе валути
Објавено во: Македонија 05 Јули, 2020
На 04.07.2020 во 22,10 часот во СВР Скопје, Ш.И.(58) од Скопје пријавил дека во период од 19,30 до 21,45 часот во куќа во Скопје во негова сопственост од непознато лице му била извршена тешка кражба така што сторителот насилно влегол во куќата и од една од собите одзел три кеси со 800.000 евра, 60.000 американски долари, 50.000 швајцарски франци и 1.000.000 денари.
Случајот, како што соопшти МВР, вчера во 22,10 часот во СВР Скопје го пријавил Ш.И. (58) од Скопје во чија сопственост е куќата каде била извршена кражбата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.