Добивај вести на Viber
Скулпторката Валентина Стефановска, автор на споменикот „Воин на коњ“ на плоштадот Македонија и на повеќе други споменици од проектот „Скопје 2014-та“, кон своите дела придодаде уште два од седумте споменици кои викендов беа поставени во Скопје.
Скулпторката ги изработила спомениците на Никола Петров Русински, поставен пред Универзитетска библиотека спроти ТЦ „Мавровка“, и на Света Лидија Македонска, кој се наоѓа пред црквата „Св. Богородица“, а за изработката не побарала надомест.
До сега беше познато само дека спомениците се донација на малку познатото Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин.
„Не зедов хонорар, ги изработив бесплатно. Ме исконтактира тој постариот човек за да ги направам и нивното здружение ги покри трошоците за изработка на спомениците“, изјавила Стефановска за
Фокус.
Новите споменици беа поставени во пресретн на 8-ми Септември.